Yusuf Hatip
09 Јануари 2019•Ажурирај: 10 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Христос Стилианидес, одговорниот за хуманитарна помош и кризи при Европската Унија (ЕУ), за договорот за бегалците потпишан во 2016 година помеѓу Турција и ЕУ истакна: „Особено, сириските деца во Турција се здобија со шанса повторно да се вратат на училиште. Според мене, тоа е најважниот чекор од нашата соработка“, јавува Anadolu Agency (AA).
Стилианидес, по враќањето од Турција, во изјава за АА во Брисел, рече дека со колегите од Турција дискутирале за сите теми поврзани со хуманитарната помош.
Стилианидес, фалејќи ја Турција во однос на образованието на децата мигранти, рече: „Како член на Европската комисија горд сум од договорот за бегалците постигнат помеѓу Европската Унија и Турција. Со тој договор направени се важни чекори за сириските бегалци. Особено, сириските деца во Турција се здобија со шанса повторно да се вратат на училиште. Според мене, тоа е најважниот чекор од нашата соработка“.
- „Турските невладини организации играат важна улога“
Од друга страна, Стилианидес, на активноста со тема „Лицата на Турција: Граѓанско општество“ одржана во зградата на Европскиот парламент (ЕП), истакна дека во Турција живеат околу 4 милиони бегалци, а од нив 1,7 милиони се деца.
„Турските невладини организации играат важна улога во обезбедувањето помош за сириските бегалци“, истакна Стилианидес и дададе дека Евроската Унија и Турција ќе продолжат да работат заедно за луѓето што имаат потреба од помош.
- „Процесот на членство треба да го користиме како алатка за подобрување на нашите односи“
Милтиадис Киркос, пратеник во Европскиот парламент, во изјава за АА, ја истакна целта на организираниот настан.
„Сакавме да испратиме порака до Европејците дека Турција има повеќе лица, и голем број од тие лица се на завидно ниво“, рече Киркос.
Киркос, укажувајќи на значењето на соработката на Турција со Европа, нагласи: „Ако зборуваме за некои проблеми помеѓу Турција и ЕУ, процесот на членство мора да го користиме како алатка за подобрување на нашите односи“.
Активностите на штандовите на турските невладини организации во зградата на Европскиот парламент ќе бидат отворени за посетителите до 11 јануари.