Sinan Uslu
24 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
АНКАРА (АА) – СИНАН УСЛУ - Терористичката организација ЈПГ/ПКК цивилите во Африн во Сирија ги користи како жив штит, јавува Anadolu Agency (AA).
Постојат јасни докази дека терористите на ЈПГ/ПКК, со употреба на оружје, ги киднапираа цивилите во Африн, а потоа ги користи како жив штит.
Според воени извори, Вооружените сили на Турција, во рамките на операцијата Маслинова гранка во Африн изведоа акција со цел чистење на селото Масках од терористите. Во текот на операцијата во спомнатото село се пронајдени четири цивили од старосна возраст од 80 до 90 години.

Терористите ги оставија во амбар на чии врати беше поставена рачна бомба за да не можат да излезат надвор од просторијата. На цивилите рацете им беа врзани, а околку нив беа поставени мини и експлозивни направи од рачна изработка.
Припадниците на турскиот тим за отстранување на мини и експлозивни направи ги отстранија експлозивните направи, а потоа цивилите ги изведоа на сигурно.
- Пронајдени 12 експлозивни направи -
Во текот на операцијата во селото се пронајдени вкупно 12 експлозивни направи кои потоа безбедно се уништени.
Африн е сириски пограничен регион во кој турските вооружени сили и Слободната сириска војска (ФСА) од 20 јануари ја спроведуваат операцијата за неутрализација на терористичките елементи.
Операцијата се спроведува во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуцијата на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината 80-тите години од минатиот век води терористичка кампања против Турција.