Hakan Çopur,Muhammed Bilal Kenasari
23 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ВАШИНТГОН (АА) - Претставниците на американската администрација изјавија дека амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс) ќе биде отворена во мај 2018 година на 70. годишнина од прогласувањето на независноста на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето на новинарот на АА, од Стејт Департментот е кажано дека американската амбасада во Ерусалим ќе биде отворена во мај 2018 година.
„Во мај планираме да отвориме нова амбасада на САД во Ерусалим. Отворањето на амбасадата се поклопува со 70. годишнина од прогласувањето на независноста на Израел”, рече неименуван американски функционер.
Доколку тоа навистина се случи, оваа најава ќе значи дека амбасадата на САД ќе биде преместена побрзо отколку што е очекувано.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс кон крајот на јануари изјави дека амбасадата на САД ќе биде отворена во 2019 година.
Американската амбасада ќе биде изградена во квартот каде се наоѓа Генералниот конзулат на САД.
Во новата амбасада ќе работи сегашниот амбасадор на САД во Израел Дејвид Фридман со тимот на соработници.