Hatice Kesgin
19 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб денес соопшти дека во последните 24 часа во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ од страна на турските сили и коалицијата предводена од САД неутрализирани се најмалку 28 терористи на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили убија најмалку 12 терористи на ДЕАШ како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“ која денес влезе во 180. ден.
Во соопштението се додава дека во воздушните напади на коалицијата предводена од страна на САД во северна Сирија, убиени се 16 терористи на ДЕАШ.
Се истакнува и дека од страна на турските копнени сили уништени се 41 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, додека 11 други позиции се уништени од страна на нападите на коалицијата предводена од САД.
Турските борбени авиони уништиле 9 цели, вклучувајќи и објект што се користел како скривалиште и две возила.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на месец август минатата година со цел зајакнување на безбедноста, поддршка на коалициските сили и елиминирање на терористичките закани долж сириско-турската граница.