Didar Yüsra Dilruba Öz
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Според денешното соопштение од Генералштабот на турската војска, најмалку шестмина терористи на ДЕАШ се неутрализирани во изминатите 24 часа во северна Сирија, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Специјалните сили на Умерената сириска опозиција со поддршка на турската армија уништија најмалку 104 позиции на ДЕАШ користејќи хаубици, повеќеракетни лансери, минофрлачи и тенкови“, се додава во соопштението.
Турската армија ги поддржува борците на Умерената сириска опозиција во ослободувањето на Ал Баб од терористичката група ДЕАШ. Денес операцијата влегува во 134. ден.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ е започната кон крајот на август, со цел да се подобри безбедноста, да се поддржат коалициските сили и за елиминирање на терористичката закана долж турската граница.