Sarp Özer
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) на 148. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која се води против терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Сирија, уништија 145 упоришта на организацијата, а неутрализирани се 17 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
ТСК ја започнаа офанзивата на 24 август, чија цел е да се отстрани заканата од терористичките организации, особено ДЕАШ.
Меѓу останатото, уништени се засолништа, контролни објекти, вооружување и воени возила. Воените авиони и беспилотните летала на воздухопловните сили на подрачјето Ал Баб и Суфланија извршија офанзива на осум позиции.
Уништено е и засолниште, како и возило со монтирана бомба. Неутрализирани се 17 терористи.
Од почетокот на офанзивата се уништени 43 мини и 2.945 рачно изработени експлозивни направи.