Sarp Özer
23 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
АНКАРА (АА)- Продолжува операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија против терористичките организации. Во рамките на операцијата во текот на вчерашниот ден нападнати се 8 цели на ДЕАШ и 51 цели на терористичката организаија ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили истакнаа дека операцијата „Штитот на Еуфрат“ навлегува во 61-от ден од нејзиното започнување на 24 август, со цел да се поддржат коалициските сили и да се зголеми безбедноста на границите, расчистувајќи ги заканите од терористичката организација ДЕАШ и другите терористички организации.
Во рамките на операцијата Единицата на специјални сили составени од опозициски припадници ги продолжи пешадиските и воздушните напади во јужниот дел на Маре Шејх Иса како и во подрачјето на Харбул, Марат и Умм Хаваш со цел расчистување на елементите на терористичката организација ПКК/ПЈД. Во борбите загинаа 4 припадници на опозициските сили, 20 други лица се повредени, додека неутрализирани се тројца терористи на ПКК/ПЈД.
Во рамките на операцијата нападнати се 8 цели кои припаѓаат на ДЕАШ и 51 на терористичката организација на ПКК/ПЈД, по што терористите се онеспособени за маневрирање.
Воените авиони на воздухопловните сили во јужен Џубан и Бурџи извршија четири воздушни напади против четири цели. Како резултат на операцијата уништени се четири згради којшто се користеле како заштитни позиции и неутрализирани се 11 терористи, припадници на ДЕАШ.
Во воздухопловните операции, пак, на коалициските сили во Кар Калабјан беше погоден еден топ во сопственост на ДЕАШ.
Опозициските сили од почетокот досега успеаја да заземат под контрола територија од околу 1.265 километри квадратни.