İbrahim Tığlı
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Од денес, Anadolu Agency со публиката ќе сподели содржини кои се дел од „Големиот африкански проект“, на кој работеа повеќе од 50 репортери од 11 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на проектот се подготвени околу 150 вести за африканскиот контитент, а направени се и илјадници фотографии. Освен тоа, со вестите за африканските земји, публиката ќе има можност и да ги погледне инфографиките и видеоснимките.
Африка е еден од контитентите од кој доаѓаат најмногу вести, а често се пишува за војните, болестите, политичките кризи, воените удари и се снимаат документарни филмови за животните.
АА настојува со овој проект да претстави друга слика за континентот, неговата убавина и животните приказни на луѓето од тие простори.
Во рамките на проектот, 21 новинар на АА посетија 11 африкански земји, а учествуваа и 30 локални репортери.
Овој проект би можел да има значајна улога за државните претставници, но и за претприемачите надвор од африканскиот континент.
Понудени се и информации за Танзанија, најстабилната земја во Африка, Гвинеја, земја каде што богатството и сиромаштијата живеат едно до друго, Руанда, земја на мир по геноцидот, Мозамбик, земја на можности, Сенегал, кој сѐ уште ги носи трагите на колонијализмот, но и Либија, земја која по револуцијата се соочи со војна.
Освен, тоа опишани се и земји меѓу кои и Јужноафриканската Република, Кенија, која е срцето на Источна Африка, Нигерија, економскиот лидер на Африка, Намибија, во улога на новиот пазар, и Мали, земја со богато културно наследство.
Исто така, со проектот се опфатени и животните приказни на голем број луѓе за време на борбата за независност од колонијализмот, но и животот по независноста.
Дадени се одговорите на луѓето кои беа запрашани за начинот на животот на Африкаците, со што се занимаваат, погледите на светот и очекувањата од животот. Понекогаш пред вас ќе се најде возач на такси, понекогаш бербер или чистач.
Дел од проектите се и интервјуа со претставниците на африканските земји и со високопозиционираните бирократи.
На тој начин, лидерите на Руанда, Намибија, Јужноафриканската Република, Мозамбик, Сенегал, Танзанија имаа можност преку интервју да испратат порака во светот.
Освен тоа, дел од проектите се и приказни на успешните странски претприемачи во Африка и информации за тоа што може да се направи и во кои сектори да се инвестира.
Содржани се информации и за проектите на Турската агенција за соработка и координација (TИКA), како и на Институтот „Јунус Емре“, а анализите и своите видувања за Африка со новинарите на АА ги поделија и голем број експерти и академици.
Публиката секоја недела ќе има можност да добие вести, анализи, фоторепортажи и видеоснимки од одредени африкански земји.
Вестите за 11 африкански земји ќе бидат објавувани во текот на десет недели, а ќе бидат поставувани и на интернет-страницата www.aa.com.tr .