Ekipa
29 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
НИКОЗИА (AA) - Сите патници на авионот EgyptAir кој е грабнат на летот Александрија-Каиро, а потоа приземен во Ларнаки на Кипар, пуштени се од авионот, додека во авионот се останатите членови на посадата и четири странци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Функционерите на цивилното возддухопловство потврдија дека авионот од типот Airbus е киднапиран на редовниот лет и дека во него се наоѓаа 81 лице. Неименуван кипарски функционер рече дека грабнатиот авион во вторник наутро слета на аеродромот во Ларнака и дека постои сомнеж во авионот да се наоѓа бомбата.
Втор функционер рече дека постои веројатност дека во авионот се наоѓа повеќе од еден грабнувач. Тој додаде дека немаше никакви барања освен полициските возила да се оддалечат од авионот.
Покасно потврдија дека грабнувачите ослободиле неодреден број жени и деца, додека од компанијата ЕgyptAir на официјалниот Твитер профил објавија дека освен членовите на посадата и четирите странци, сите патници се ослободени.
Денешното грабнуввање веројатно веројатно повторно во прв план ќе го доведе прашањето на безбедноста на египетските аеродроми, пет месеци откако рускиот патнички авион со 224 патници исчезна од радарот и се урна на Синај во Египет. Одговорноста за минатогодишното грабнување го преземаа припадниците на терористичката организација ДАЕШ.