Ekipa
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
НИКОЗИЈА (AA) - Авионот на авиокомпанијата EgyptAir, кој утрово леташе на линијата Александрија- Каиро, а потоа слета во Ларнака на Кипар, го киднапирал египетски државјанин, јавуваат египетските медиуми, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Египетската државна телевизија наведува дека грабнувачот е египетски државјанин Ибрахим Самаха, не објавувајќи повеќе детали.
Како резултат на преговорите на кипарските власти со грабнувачот повеќето патници на грабнатиот авион пуштени се претходно од авионот, додека во авионот останаа членовите на посадата и четири странци, соопшти египетската авиокомпанија .
Медиумите првин јавиа дека во авионот се наоѓаат околу 80 луѓе, но таа бројка накнадно беше корегирана на 55.
Како пренесуваат светските медиуми, египетските и кипарските функционери потврдија дека Самах имаше мотиви од лична природа.
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадес потврди дека грабнувањето не е поврзано со тероризмот.
Неименуван кипарски функционер претходно рече дека грабнатиот авион слетал во вторник наутро на аеродромот во Ларнака и дека постои сомнеж дека во авионот се наоѓа бомба.
Вториот функционер рече дека постои веројатност дека во авионот има повеќе од еден грабнувач. Тој додаде дека немаше никакви барања освен дека полициските возила да се оддалечат од авионот.
Покасно потврдија дека грабнувачите ослободиле неодреден број жени и деца, додека од команијата EgyptAir на официјалниот Твитер профил објавија дека освен членовите на посадата и четири странци, сите патници се ослободени.
Денешното грабнуввање веројатно веројатно повторно во прв план ќе го доведе прашањето на безбедноста на египетските аеродроми, пет месеци откако рускиот патнички авион со 224 патници исчезна од радарот и се урна на Синај во Египет. Одговорноста за минатогодишното грабнување го преземаа припадниците на терористичката организација ДАЕШ.