Fatma Esma Arslan
15 Март 2018•Ажурирај: 16 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК се обидоа да подметнат фотографии направени на различни места, тврдејќи дека се снимени во Африн и со тоа да ја наклеветат операцијата „Маслинова гранка“ и Вооружените сили на Турција, коишто не се поврзани со овие фотографии, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографијата со наслов „Запрете го геноцидот во Африн“, на која е прикажано дете меѓу урнатините, е направена на 12 септември 2017 година во Јемен и е користена со вест за воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Исто така, споделена е фотографија на две деца под наслов „Запрете го геноцидот во Африн“, а станува збор за фотографија направена во Дума и на неа се две деца ранети во нападот на силите на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад.

Поддржувачите на терористичката организација се обидоа и израелските напади во Газа да ги искористат како фотографии за клеветење и манипулација.
Фотографијата со наслов „Запрете го геноцидот во Африн“, всушност е фотографија на рането дете во воздушен напад на Израел врз Газа во 2014 година.

Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на ОН, посебно на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014.).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.