A. Eda Ünlü Özen
22 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Кандидатот за претседател на Партијата за правда и развој (АК Парти), Бинали Јилдирим, во своето обраќање на вонредниот партиски конгрес во Анкара истакна дека претседателскиот систем е најпогоден систем за уредување за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот го бираат милион граѓани и тој има огромна политичка одговорност. Неговата одговорност е во директна поврзаност со потребите на граѓаните и затоа треба вистинската состојба да се промени во правна состојба. Патот кон тоа е новиот Устав и претседателскиот систем во него”, изјави Јилдирим.
Осврнувајќи се во својот говор на првиот претседател на АК партијата, а сега претседател на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, Јилдирим напомена дека Ердоган е човек на народот и незапирлив борец за добробитта на Турција, и поради тоа тој е негов сопатник.
„Јас сум сопатник на Реџеп Таип Ердоган и можам слободно да кажам дека неговиот пат е и мој пат, наш пат. Неговата борба е и моја борба”, рече Јилдирим.