АНКАРА (АА) - Во пишаната порака упатена кон учесниците на вториот вонреден конгрес на Партијата за правда и развој (АК Parti), турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека со полагање на заклетвата во функција на претседател на земјата, ја прекинал службената и правна врска со таа партија, но дека врската во срцето со таа партија никогаш не ја прекинал и нема да ја прекине, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Спортската арена во Анкара се одржува Конгрес на турската владеачка АК Партија на која делегатите бираат нов партиски претседател кој ќе го наследи актуелниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, а во пишана порака за учесниците на Конгресот се обрати основачот на таа партија, нејзиниот прв претседател и актуелен претседател на Турција, Ердоган.
„Ми претставува желба Конгресот на АК Партијата, кој го сметам за еден од најважните демократки чинови во поновата политичка историја на нашата земја, да биде успешен. Им честитам на сите нови кадри кои ќе бидат избрани денес и кои ќе ја преземат одговорноста. АК Партијата од нејзиното основање прерасна во движење кое ја поистовети својата судбина со судбината на државата, а овој конгрес го гледам како чест на примопредавање и јакнење на силите и мотивација во рамките на нејзините редови”, порача Ердоган.
Изразувајќи надеж дека ќе бидат разрешени сите несогласувања помеѓу претседателот и политичкиот кадар во врска со прашањето за изградба на нов Устав и нов политички систем, Ердоган изјави дека денес ќе биде избран нов претседател и кадрите на АК Партијата ќе преземат голема одговорност.
„На сите кадри и членови на партијата им посакувам успех. Се заблагодарувам на Ахмет Давутоглу на кого на 27-ми август, 2014 година му ја предадов функцијата на претседател на партијата и благодарен сум му на сето она што го стори во изминатиот 21 месец на чело на партијата и Владата. Ги поздравувам сите делегати и учесници на конгресот и нека Бог го направи нашето единство трајно”, порача Ердоган.
Претседателот на Партијата за правда и развој и премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу, претходно поднесе оставка, поради која на 5-ти мај беше упатен повик за свикување на вонреден конгрес.
Конгресот се одвива под максимални безбедносни мерки поради што ангажирани се 5.800 полицајци.
На Конгресот ќе гласаат 1.282 делегати, кои се присутни уште од почетокот на Конресот. На Конгресот се обратија Ахмет Давутоглу и Билани Јилдирим.
Јилдирим е акутелен министер за транспорт, поморство и комуникации на Република Турција. Заедно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше вклучен во основањето на АК Партијата а на парламентарните избори на 3-ти ноември 2002 година беше избран за претставник во турскиот парламент. Кратко потоа, именуван е за министер за транспорт а таа функција досега ја извршуваше 11 години при што стана министер со најдолг мандат во тој ресор на Турција.
Давутоглу на чело на АК Партијата се наоѓа од 27-ми август 2014 година. Првиот претседател на партијата беше актуелниот претседател на државата, Ердоган. Важно е да се напомене дека партијата победи на сите избори во Турција одржани од 2002 година до денес и оствари голем економски прогрес во државата.
Гласањето за избор на претседател на партијата, како и избор на органите на партиската управа се планирани да бидат завршени до 16 часот по локално време.
На денешниот конгрес е прочитана пораката и на 11-от претседател на Турција, Абдулах Гул, а за претседавач на Конгресот именуван е Бекир Боздаг, актуелниот министер за правда.
news_share_descriptionsubscription_contact
