Ekipa
09 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ЛОНДОН (АА) - Британските медиуми јавуваат дека министерот за процесот за излез од Европската Унија (Брегзит), Дејвид Дејвис, поднел оставка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се очекува официјална потврда од британската Влада, а Дејвис е министер кој имаше многу несогласувања со британската премиерка Тереза Меј, кога станува збор за нејзината визија за идните односи меѓу Велика Британија и Европската Унија.
Дејвид остро се противеше и на планот на премиерката за Царинската унија со кој, според него, Велика Британија би била блиску потпрена на ЕУ и во трговијата.
Премиерката Меј во петокот во резиденцијата Чекерс одржа самит на британските официјални претставници со цел надминување на несогласувањата во Владата за нејзиниот план за „мек“ Брегзит.
Иако Владата официјално го изгласа нејзиниот план, во владејачката структура сè погласни се опонентите, меѓу кои во првите редови беше министерот во заминување, Дејвис.