Associated Press
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Во комплексот на германскиот автоиндустриски гигант „Фолксваген“ во Волфсбург, деактивирана е бомба од Втората светска војна. Pретходно од околината се евакуирани речиси 4.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Градската управа на „Фолксваген“ на Твитер соопшти дека бомбата е успешно деактивирана во попладневните часови.
Станува збор за голема бомба која е пронајдена во комплексот на „Фолксваген“, и поради чија деактивација е евакуирано населението во радиус од еден километар, вклучувајќи и делови од центарот на градот.
Иако од завршувањето на Втората светска војна поминаа повеќе од седум децении, на градилиштата низ Германија често се откриваат заостанати и неексплодирани бомби од тој период. Нивното отстранување најчесто е придружено со превентивна евакуација на населението.