Başak Akbulut Yazar
09 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
ИСТАБУЛ (АА) - Министерот за здравство на Република Турција, Фахретин Коџа, соопшти дека под урнатините на зграда што се урна во истанбулската населба Картал, животот го загубија 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Коџа ги посети повредените во болницата во населбата Картал, информирајќи се за здравствената состојба на повредените од главниот лекар на болницата, д-р Реџеп Демирхан и од медицинскиот персонал.
По посетата на болницата, министерот Коџа даде изјава за медиумите, говорејќи за здравствената состојба на едно лице кое е тешко повредено. „Лицето повеќе не е поврзано на респираторен апарат. Неговата општа состојба е во ред, можеме да комуницираме со него. Сметаме дека со тек на време ќе успее да закрепне. Тој излезе од сериозната состојба. Во моментов неговата општа состојба е подобра“, соопшти министерот Коџа.
„Бројот на починати сограѓани во несреќата изнесува 17“, информираше министеот Коџа, а во врска со повредените го рече следното:
„Во моментов ја следиме состојбата на 13 повредени. Од овие пациенти, 7-мина се следат на Одделението за интензивна нега.“
Зградата се сруши во средата додека во неа се наоѓаа 30 станари. Причината за уривањето на зградата допрва треба да се утврди.
Од под остатоците на зградата вчера беше спасено 16-годишно момче, a во четвртокот, спасувачките екипи спасија 5-годишно девојче од под урнатините.