Aliia Raimbekova
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
АСТАНА (АА) - Земјите-гаранти, Турција, Русија и Иран, денес, на вториот ден од четвртиот круг од преговорите во казахстанскиот главен град Астана потпишаа договор за формирање на зона без судири на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој договор е потпишан во рамките на главниот состанок на четвртиот круг од преговорите во Астана, кој започна вчера.
Да потсетиме, воената делегација на сириската опозиција на самиот почеток го суспендираше своето учество во четвртиот круг на мировните преговори во Астана.
Делегацијата на вооружените сириски опозициски групи на страните во преговорите им достави список на предлози и ги напушти преговорите поради воздушните напади што Русија ги изведува во Хама и во Дера и поради „тешките услови“ за преговарање.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, претходно изјави дека формирањето на зоните без судири во Идлиб, би можело да го отвори патот за целосен прекин на судирите во Сирија.
„Формирањето на зони без судири би бил важен чекор за целосен прекин на судирите во Сирија“, наведе Лавров.