Fatma Bülbül
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку четворица припадници на терористичката организација ПКК се убиени во воздушните напади што турските воздушни сили ги извршија во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските бомбардери гаѓале и уништиле терористички камп во северниот ирачки регион Синат-Хафтанин.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и во Европската Унија, а таа организација својата тридецениска оружена кампања против турската држава ја обнови во јули минатата година.
Кон крајот на минатата година, турските безбедносни сили започнаа опсежна операција против терористите на ПКК во регионот, со акцент на југоисточниот дел на Турција и северниот дел на Ирак.
Планинскиот пограничен појас во северниот дел од Ирак и во југоисточниот дел на Турција се смета за главно упориште на терористичката организација ПКК, а токму на тие планини се наоѓаат терористичките кампови кои се цел на воздушните напади на турските сили.
Досега, во тие антитерористички операции загинаа повеќе од 600 припадници на турските безбедносни сили, а убиени се над 7.000 терористи.