Hasan Öymez
22 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, синоќа повика на сеопфатен договор во врска со регулативата што подразбира решавање на прашањето за лицата што стапуваат во брак пред полнолетство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со оглед на критиките од различни делови на општеството, и предлозите на граѓаните, сметам дека би било многу корисно тоа прашање да се реши со еден широк, сеопфатен договор“, изјави Ердоган.
Ердоган потсети дека нацрт-законот што се најде пред пратениците во Големото народно собрание на Република Турција предизвикал дискусии во јавноста.
Претседателот на Турција појасни дека додавањето на еден член во нацрт-законот јасно покажува дека целиот предлог е насочен кон отстранување на проблемите настанати поради стапувањето во брак пред лицето да стапи во рамките на законската возраст.
„Јасно е дека нацрт-законот во општеството предизвика различни дискусии, реакции и критики. Постојат и различни предлози, па поради тоа е јасно и дека тој закон мора повторно да се разгледа. Со оглед на критиките од различни делови на општеството, предлозите на граѓаните, сметам дека би било многу корисно тоа прашање да се реши со еден широк, сеопфатен договор“, изјави Ердоган.