Halil Demir
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата за телевизискиот проповедник Аднан Октар запленети се 96 пиштоли, 23 ловечки пушки, голем број муниција и мобилни телефони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во операциите што ги спроведоа екипите за борба против финансиски криминал во Истанбул, од 190 приведени лица, притворени се 169, меѓу кои и телевизискиот проповедник Аднан Октар. Во домовите и местата на сместување на некои од притворените лица, запленети се криминални материјали.
- Истрага -
Во рамките на истрагата на Републичкото обвинителство на Истанбул, екипите за борба против финансиски криминал од Истанбул на 11 јули започнаа операција против групата на телевизискиот проповедник Аднан Октар. По издадената потерница за 235 лица, приведени се 190 лица, од кои 169 се притворени, меѓу кои се наоѓа и телевизискиот проповедник Октар.
Октар е притворен под обвинија за „формирање организација со цел извршување криминалистички дела“, „сексуална злоупотреба на деца“, „истрага за извршени сексуални напади“, „уцена“, „изнесување во странство на финансиски и материјални средства“, „употреба на изнуда, насилство и закана со цел лишување од слобода на лица“.