Selçuk Acar
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Кампањата за испорака на Фетулах Ѓулен на Турција (лидерот на терористичката организација ФЕТО), која е поставена на официјалната интернет-страница на Белата куќа во Вашингтон, ја надмина бројката од 78.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Турците кои живеат во САД, на официјалната интернет-страница на Белата куќа започнаа кампања за собирање потписи за испорака на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Ѓулен, на Турција.
- Потребни се уште 22.000 потписи -
Две недели пред завршувањето на кампањата, собрани се 78.800 потписи. Кампањата има за цел да собере 100.000 потписи, и недостасуваат уште околу 22.000 потписи.
Во насловот на кампањата којашто започна на 17 јули, стои: „Нашата Влада не треба повеќе да му биде безбедно пристаниште на Фетулах Ѓулен и барам негова испорака на Турција".
Таа продолжува со следната содржина: „На 15 јули имаше обид за државен удар кој требаше да ја урне легитимно и демократски избраната Влада на Турција. Од тој ден на виделина излезе дека сторители на ова дело се мала група војници кои му служат на Фетулах Ѓулен и неговата терористичка организација ФЕТО. Турција е една од нашите најсигурни и долгорочни сојузници на Средниот Исток. Ѓулен, од страна на нашиот сојузник Турција е класифициран како терорист. Обидот за државен удар беше сопрен благодарение на храбрата интервенција на нашиот пријателски турски народ. Ве молам да ми помогнете да ги убедиме нашиот претседател и нашата влада да соработуваат со демократски избраните органи и влади. Сакам нашата Влада да престане да го заштитува Фетулах Ѓулен и да ѝ го предаде на Турција".
Кампањата за собирање потписи на интернет-страницата од Белата куќа се наоѓа во делот за петиции и може да се пристапи преку интернет-адресата "petitions.whitehouse.gov"