Arif Yakıcı
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Припадниците на безбедносните сили на Турција приведоа осум лица за кои постои сомнение за поврзаност со терористичкиот напад врз ноќниот клуб во Oртакој, Истанбул, кој беше изведен за време на новогодишната ноќ, и во кој загинаа 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Истрагата предводена од страна на Канцеларијата за тероризам и организиран криминал при Јавното обвинителство во Истанбул продолжува.
Тимовите од Одделот за борба против тероризмот во Истанбул, истрагата ја започнаа по бегството на терористот кој го изврши нападот. Приведените лица даваат исказ во полициска станица во Истанбул.
Истовремено, трае и прегледот на снимките од надзорните камери во близина на нападнатиот клуб, а се анализираат и најситните детали забележани од страна на надзорните камери.