Zülfiya Yakup
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Пратенивите на косовското Собрание на денешната пленарна седница го усвоија предлог-законот за ратификација на меѓународните договори меѓу Република Косово и Европската банка за изградба и развој за реконструкција на регионални патишта, јавува Anadolu Agency (AA).
На дневниот ред на седницата имаше 15 точки, а во Собранието се вратија пратениците на опозициското движење „Самоопределување”, по неколкумесечниот бојкот на Собранието. Претседателот на движењето, Висар Имери, на почетокот на седницата, во говорот надвор од дневниот ред, ја обвини актуелната власт дека на два начина ја узурпира територијата, земјиштето и имотот на Косово.
„Од една страна, овој режим на концесионери ја формира Заедницата на Србија и ѝ поклонува земјиште на Црна Гора, додека од друга страна, остатокот го дели за себе. Ова е вистината за оваа земја, која би требало да биде република на граѓаните, но се претвори во грабеж на властодржците. По 17 години започнаа полициските акции. Видовме апсења, претреси и ослободување на узурпираниот имот”, рече Имери и порача дека ослободувањето на узурпираниот имотот е неопходно, но дека борбата против криминалот треба да започне од главата, а не од опашката”.
Одговарајќи на прашањата на пратениците, министерот за внатрешни работи, Скендер Хисени, рече дека се поднесени 33 кривични пријави врз основа на Законот за забрана за учество на странски боишта, која стапи на сила минатата година.
„Можеме да кажеме дека Законот донесе позитивни ефекти бидејќи веќе десет месеци не е регистриран ниту еден случај на заминување на странските боишта од Република Косово, со исклучок на два обиди во ноември и декември, коишто се спречени”, рече Хисени.
Пратеникот на Српската листа, Ненад Рашиќ, најави дека десет српски пратеници ќе поднесат жалба до Уставниот суд за проверка дали Владата го прекршила законот со донесување на административното упатство за плаќање на основните и старосни пензии. Министерството за труд и социјална политика, на чие чело беше Рашиќ во минатиот на Владата на Косово, новата регулатива предвидува укинување на косовската старосна пензија во износ од 75 евра на оние што ја примаат а немаат постојано место на живеење во Косово. Ова, според Рашиќ, е дискриминаторска регулатива и влијае директно на раселените косовски Срби.
„Во Законот има два основни критериуми со цел добивање на основна пензија. Да имате лична карта на Косово и државјанство. Предуслов е да имате 65 години и ништо повеќе. Во Законот не се вели дека дополнителни критериуми ќе бидат регулирани со административно упатство издадено од министерството за работа, тогаш таквото нешто не би било основано”, рече Рашиќ.
Тој ја повика Владата да ја поправи неправдата, да се испочитуваат пензионерите и да се спречи понатамошна ескалација.