Bekim Laci
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Граѓанската организација "Еко Герила", поддржана од движењето "Мајка и дете", на прес-конференција информираа за анализите на последното мерење на воздухот, кои покажуваат значително намалување на загадувањето на јануари 2016 година, во споредба со истиот период минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Аријан Џафери од граѓанската организација "Еко Герила", изјави дека по затворањето на комбинатот Југохром на 31 Декември 2015 година, нивната организација одлучила да се направи мерења споредувајќи ги со наодите со месец јануари минатата година, кога работеше комбинатот
Според него, во јануари 2015 година беа регистрирани 352,0 ПМ10 честички во воздухот, и јануари оваа година 213.4, ова покажува намалување за околу 40 проценти.
Џафери изјави дека мерењето е направено и во Скопје, поточно во општина Центар, каде што податоците покажуваат пад од само 7 отсто. Овие податоци, рече Џафери ,покажуваат дека воздухот во Тетово без Југохром е околу 40% почист, потврдувајќи дека плановите и барањата меѓу другото вклучуваат построга контрола на сите индустриски капацитети, трајно решение за проблемот со депонијата на отпадот во Тетово, редовно чистење и миење на улиците на Тетово, организација на јавни транспортни автобуси со високи еколошки стандарди и други мерки.
"Очекуваме владата и државните институции да го почитуваат уставот на земјата и меѓународните конвенции. Не треба да биде дозволено дури и во Тетово или во било кој друг град во Македонија, која било фабрика да работи во спротивност со законите и загрозување на здравјето на стотици илјади граѓани. Очекуваме од општина Тетово да преземе што е можно поскоро чекори за решавање на проблемите кои се под нивна одговорност ", рече Џафери.
Елмедина Абдула од организацијата "Мајка и дете" изјави дека намалувањето на процентот на загадувањето на воздухот нема да ги направи среќни се додека во Тетово загадувањето не се симне на 50 ПМ10 честички како што е предвидено со уставот и законот.
"Еко Герила" и "Мајка и дете" со своите активности предизвикаа вниманието кај локалното население, организирајќи протести за Тетово во текот на минатата година, откако состојбата со загадување на воздухот во овој регион беше алармантна. Граѓаните го обвинуваа комбинатот Југохром поради работење без филтри, а по големиот притисок менаџментот на овој комбинат објави дека привремено ќе затвори еден од погоните, само во текот на зимскиот период.