İlkay Güder
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
НУАКШОТ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, како дел од африканската турнеја ја посети Мавританија, каде што се состана со претседателот на земјата Мухамед Улд Абдел Азиз, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на претседателите на двете земји, што се одржа во претседателската палата во престолнината Нуакшот, траеше околу еден час.
По билатералната средба беше одржан состанок на делегациите на двете земји, каде беа потпишани седум договори за соработка.
Преку споменатите договори ќе се продлабочи соработката меѓу Турција и Мавританија, меѓу другото, во областа на риболовот, земјоделството и туризмот.
Беше потпишан протокол за соработка во областа на образованието, кој предвидува стипендии во високото образование.
Потсетиме, Ердоган по посетата на Алжир денес пристигна во Мавританија.
Во делегацијата на Турција се наоѓа и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за царина и трговија, Булент Tуфенкџи и министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак.
Во рамките на африканската турнеја, Ердоган со делегацијата во наредните денови треба да ги посети Сенегал и Мали.