Ekipa
25 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АП) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Саудиска Арабија и другите три земји се „напад врз правото на суверенитет на Катар“, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган: Нека Бајрам биде пресвртница за мир во светот
Тој истакна дека Турција го цени и прифаќа ставот на Катар против барањето oд 13 точки на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.
„Сметаме дека овие барања се против меѓународното право“, изјави Ердоган за новинарите по бајрамската молитва во Истанбул. „Тоа е прекршување на правата на суверенитетот на Катар“.
Катар соопшти дека во саботата добил листа на барања што треба да се исполнат за да се стави крај на блокадата против таа заливска земја, но Катар ги оцени за неразумни и неизводливи.
Барањата вклучуваат затворање на телевизиската мрежа „Al Jazeera“ (Ал Џезира), деградирање на врските со Иран и екстрадиција на терористите. Четирите земји ѝ дадоа на Доха рок од 10 дена за да ги исполни дадените барања.
Арапските земји го обвинуваат Катар за поддржување на тероризмот.
Доха, остро ги отфрли обвинувањата за поддршка на тероризмот.