Enes Kaplan
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во телефонскиот разговор меѓу претседателот Ердоган и Обама била потврдена одлучноста во борбата против ДЕАШ во Сирија и во Ирак. Покрај ова, тие се усогласиле и во врска со прашањето дека не треба да ѝ се дозволи на ПКК да се засолни во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од прес-центарот на претседателот на САД, во текот на вчерашниот ден Обама телефонски го побарал турскиот претседател Ердоган.
Во телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Обама, којшто траел околу 1 час и 25 минути, се разговарало за идните фази во борбата против ДЕАШ.
Претседателот Обама го поздравил придонесот на Турција во оваа борба, почнувајќи од поддршката на Слободната сириска армија во чистењето на граничниот регион Турција-Сирија од ДЕАШ.
Претседателот Ердоган заедно со американскиот претседател Барак Обама истакна дека е потребно да се продолжи процесот што ќе ја намали опасноста за сирискиот народ, Турција, САД и за другите земји. Исто така, тие потврдија дека треба да продолжат и притисоците врз ДЕАШ.
Обама истакна дека учеството на Турција во борбата против ДЕАШ е на потребното ниво и начин и дека е задоволен од процесот на дијалогот што се одвива меѓу Турција и Ирак. Во разговорот, двајцата лидери ја потврдија поддршката за територијалниот интегритет и суверинитет на Ирак. Претседателот Ердоган посочил на потребата за чистење на регионот од сите терористички организации, вклучувајќи ги и ПКК и ДЕАШ, и потребата за продолжување на операцијата во Мосул.
Претседателот Ердоган и Обама ја потврдија одлучноста во борбата против ДЕАШ во Сирија и во Ирак. Покрај ова, тие се усогласиле и во врска со прашањето дека не треба да ѝ се дозволи на ПКК да се засолни во северен Ирак.