Mustafa Keleş
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека во последователните напади на училиштето во Идлиб, Сирија, загинаа 22 деца и шест наставници, јавува Anadolu Agency (AA).
УНИЦЕФ овие напади ги оцени како најкрвави напади на училиште откако започна војната во Сирија којашто трае подолго од пет години.
„Ова е трагедија. Ако овој страшен напад е извршен намерно, тоа е воено злосторство“, се истакнува во соопштението во коешто меѓународната заедница е запрашана кога ќе го спречи ова варварство.
Постои сомнеж дека нападот го извршиле Русија и силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Постојаниот амбасадор на Русија во ОН Витали Чуркин, за нападот изјави дека тоа е страшна вест и се надева дека нема врска со нив.
„Мене ми е лесно да кажам не, но треба да видиме што ќе рече Министерството за одбрана“, истакна Чуркин.