Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека муслиманите трпат најголема штета од терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ, и од предавничките групи како ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
На 4. Средба на младите од Фондацијата на турската младина (ТУГВА), во Истанбул, Ердоган порача дека младите треба да читаат и да се преиспитуваат.
„Сакаме да подигнеме млади кои нема да ги наградуваат идеологиите што ги слават смртта, убивањето и насилството“, смета Ердоган.
Ердоган изјави и дека како држава и регион минуваат низ тежок период којшто е од клучна важност и потсети на судирите и на другите случувања во подрачјето чиј дел е и Турција.
Тој потсети и на тиранијата во Сирија, која влегува во седмата година од започнувањетоа во неа смртно настрадаа околу милион лица.
„Околу пет милиони Сиријци ги напуштија своите домови и побегнаа во светот, од кои три милиони се кај нас. Разрушени се градовите како Алепо, кои илјадници години беа колевка на цивилизацијата“, изјави Ердоган, кој потсети и на случувањата во Ирак, Јемен, Либија...
Тој се осврна и на референдумот за сетот уставни промени, кој во Турција ќе биде одржан на 16 април, и додаде дека оние што се противат на претседателскиот систем се токму оние што не им дозволувале на девојките со марами да студираат.