Ekipa
18 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, едногласно, добивајќи 1.380 гласа, повторно е избран за претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), јавува Anadolu Agency (AA).
На 6. Голем редовен конгрес на АК Партијата, кој се одржа во турскиот главен град Анкара, се спроведе гласање за нов претседател на партијата.
Од вкупно регистрирани 1.457 делегати, гласаа 1.381 делегат, а еден глас е неважечки.
Како резултат на тоа, турскиот претседател Ердоган, со добивањето на 1.380 гласа, беше реизбран за претседател на АК Партијата.
Во овие рамки беше изгласан и Централниот управен одбор на оваа партија.
Откако ја основа во 2001 година, Ердоган од чело на партијата отстапи на 27 август 2014 година, кога на првите претседателски избори беше избран за претседател на Турција.
На функцијата претседател на АК Партијата повторно дојде во мај минатата година по гласањето на Третиот вонреден конгрес на партијата.