İlhan Toprak,Hande İlbeyi Canca
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара се состана со саудискиот принц, престолонаследникот и попретседател на владата на Саудиска Арабија, Мухамед ибн Наиф бин Абдулазиз Ал Сауд, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган пред зградата на Претседателството на Турција со сета почит го дочека саудискиот принц Ал Сауд, по што нивниот состанок беше одржан зад затворени врати.
Саудиската делегација вчера допатува во посета на Турција, а синоќа беше одржан и состанокот на Ал Сауд и премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, кои договорија интензивирање на соработката во борбата против тероризмот. Исто така, Ал Сауд се состана и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Во Анкара денес исто така е одржан состанок на турскиот министер за економија, Нихат Зајбекчи и саудискиот министер за трговија и инвестиции, Маџид Албдулах Ал-Касабиј.