Aynur Ekiz
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, Ердоган и Меркел разменија мислења околу билатералните односи, Сирија, како и за регионални теми.
Тие разговараа и за актуелните теми, и се осврнаа на нивната средба што ќе се реализира кон крајот на септември во Берлин.
Ердоган и Меркел се согласија во наредните денови министерот за трезор и финансии на Турција, Берат Албајрак, да се сретне со германските министри за финансии и за економија.
Канцеларката Меркел укажа дека силата на турската економија е важна и за Германија.
Ердоган и Меркел ја потврдија нивната решителност за зајакнување на нивната соработка преку заемни посети и средби на високо ниво.