Sinan Uslu
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во врска со прашањето на Катар, телефонски разговарал со бројните светски лидери, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган оствари разговори со претседателот на Франција Емануел Макрон, претседателот на Индонезија Јок Видодом, со кралот на Бахреин Хамад Ибн Иса ал-Калиф, јорданскиот крал Абдулах II, премиерот на Либан Сад Харири и премиерот на Малезија Наџиб бин Тун Абдул Разак.
Турскиот претседател во таа прилика нагласи дека проблемите во регионот треба да се решаваат со дијалог и дипломатски средства.
Додаде дека Турција е спрема да ги преземе потребните чекори за да се намалат тензиите во регионот.
Ердоган во понеделник разговараше со неколку светски лидери во врска со прашањето на Катар, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот крај Салман бин Абд ал-Азиза ал-Сауд.
Потсетуваме, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (УАЕ), Египет и Бахреин и Јемен соопштија во понеделник дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, кој го обвинуваат за дестабилизација на регионот.