Etem Geylan
10 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган денес истакна дека товарот предизвикан од војните и судирите не врз земјите од Западот туку врз малку развиените земји.
„Спротивно на општото мислење, товарот на војните, судирите и миграциите, не е врз Западните земји, туку малку развиените и земјите во развој“, рече Ердоган.
Тој во своето обраќање на турско-африканскиот бизнис форум истакна дека Турција ѝ придава големо значење на соработката со африканскиот континент.
„Во разговорите со сите моите африкански пријатели им велам: Локални валути. Дојдете да соработуваме и тргуваме со национални валути“, нагласи Ердоган.