Sarp Özer
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача денес во Анкара дека целиот турски народ без оглед на потеклото или политичката определба, во ноќта на 15 јули, со чиста совест го положил историскиот испит, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во претседателската палата во Анкара ја прими делегацијата на Унијата на коморите на Турција (TBB), на чело со претседателот на TBB, Метин Фејзиоглу. Ердоган во таа прилика се осврна на обидот за државен удар, кој на 15 јули го изведе терористичката организација ФЕТО.
Претседателот Ердоган рече дека во ноќта за време на обидот за државен удар на 15 јули, комплетниот турски народ без било какви поделби, своите тела ги стави наспроти куршумите, тенковите и бомбите. Додаде исто така дека народот со чиста совест го положи историскиот испит.
„Мажи и жени, од 15 до 75 години. Мислам дека таков пример нема било каде во светот. Ноќта на 15 јули, турскиот народ, без оглед на своето потекло или политичко определување, сите 79 милиони жители со чиста совест положија еден историски испит. Никој нема право да фрла сенка врз оваа слика, од која произлегува гордост”, порача Ердоган.
Истакна дека колку и да пучистите ја покажале својата нечовечност, неморалност и злосторство, турскиот народ наспроти тоа покажа племенит, храбар и одлучен став.
„Пучистите ја покажаа својата нечовечност, неморал и своето злосторство, но нашиот народ покажа крајно благороден, храбар и решителен став. На овој народ може да му се покаже само почит, народ кој треба да се бакне во чело”, рече турскиот претседател Ердоган.
На крајот се осврна и на реакциите на европските земји на случувањата во Турција.
„Не обидот за државен удар, туку во некоја од европските земји нека дојде до терористички напади на ПКК и ДАЕШ, како што тоа беше случај кај нас, тие ќе донесат смртна казна, а ќе прогласат долгорочна вонредна состојба", истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.