Ilkay Guder
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
АБИЏАН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на посетата на Брегот на Слоновата Коска, рече дека Турција е на најголем удар на мигрантска криза, но дека нејзината врата нема да се затвори пред оние кои бегаат од војната, за разлика од западните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„За прашањето околу бегалците, светот влегува во хаос повторно. Во мојата земја има речиси три милиони мигранти и во моментот сме домаќини на овие три милиони луѓе. Ние не ја затворивме вратата, ниту пак им ја затвораме како западните земји. Ако ја погледнеме финансиската состојба, тие земји се во подобра ситуација отколку ние. Но, тие велат "никогаш", не ги прифаќаат и не им дозволуваат на бегалците да влезат”, рече Ердоган за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Куатара.
Тој е првиот претседател на Турција, кој допатувал во официјална посета на Брегот на Слоновата Коска.
Турскиот претседател изјави дека Брегот на Слоновата коска ќе биде еден од најважните центри на современиот свет во Африка.
Двајцата претседатели разговарале и за борбата против тероризмот, како во Африка така и во Турција.