Dejan Maksimoviç
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
САРАЕВО (АА) - Европските квалификации за Светското првенство што ќе се одржи во 2018 година, во Русија, продолжуваат денес. Еден од најинтересните дуели ќе биде првиот во официјалниот натпревар на репрезентацијата на Косово, којашто во албанскиот град Скадар ќе биде домаќин на Хрватска, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај овој дуел во групата „И“, може да биде интересно и во другите два дуела, во кои ќе се сретнат Турција и Украина, а во скандинавското дерби, Исланд и Финска.
Од репрезентациите од регионот на Западен Балкан, на терен ќе излезе и Србија, која ќе гостува во Молдавија во вториот круг од групата „Д“. Секако, најинтересниот натпревар вечерва и големото дерби ќе го одиграат Италија и Шпанија во групата „Г“.