Yusuf Şahbaz
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
ИЗМИР (AA) – Во четврток во турскиот град Измир ќе бидат изложени 94 фотографии наградени на меѓународниот натпревар во фотографии "Istanbul Photo Awards 2017" кој го организираше Anadolu Agency (AA).
По Истанбул и Анкара, изложбата утре ќе биде отворена во Измир каде ќе биде поставена до 17 октомври.
Директорката на Одделот за корпоративна комуникација на АА, Есра Киречџи, изјави дека фотографиите наградени на третото натпреварување "Istanbul Photo Awards 2017" на публиката ќе и бидат достапни од 7. септември.
Киречџи рече дека изложбата ќе биде достапна месец дена во Фолкарт Галери, најпрестижната уметничка галерија во Измир. Според нејзините зборови, изложбата, по Измир, во октомври ќе биде отворена во Њујорк, а во ноември во Москва.
Според нејзините зборови, "Istanbul Photo Awards 2017" во текот на овие три години дојде на завидно ниво.
„Во годините кои доаѓаат, Anadolu Agency (AA) има намера натпреварувањето да го донесе на уште повисоко ниво. Како екипа сме многу возбудени. Сите жители на Измир ги очекуваме на утрешното отворање", рече Киречџи.
За фотографија на годината на третото меѓународно натпреварување "Istanbul Photo Awards" избрана е фотографијата „Бегство од ДЕАШ", која во Ирак за Paris Match ја сними Федерик Лафарж од Франција.
Арис Месинс за низа фотографии насловени „Смррта во Средоземно море", кои ги сними за Агенција Франс Прес (AFP), е најдобар во категоријата „сериски вести".
Фотографијата „Под површината" од Адам Прити, која ја сними за „Getty Images", избрана е за најдобра во категоријата „индивидуален спорт" , а низа фотографии од Патрик Смит, исто така за „Getty Images" избран е за најдобра во категоријата „тимски спортови".
Во категоријата „сериски портрети" победник е Мери Гелман за серија фотографии за жените жртви.
„Хранењето на сирачињата орангутани" на Кемал Џафри е избрана за најдобра во категоријата „природа и околина", додека фотографијата „Голф терен Пап Севголум" на Џони Милер, снимена за „Millefoto" прогласена е за најдобра во категоријата „поединечна фотографија на природата и околината".
Наградата за најдобар „млад фоторепортер" на фриленсерот во Газа, Хошам Салем му ја донесе фотографијата „Уличен тренинг во Газа".
Престижното жири ги бираше најдобрите фотографии меѓу 25.000 пристигнати, а официјални спонзори на натпреварувањето на кое се наградени 22 фоторепортери од 17 земји беа „Turkish Airlines" (THY) и Турската агенција за соработка и координација (TIKA).