Turgut Alp Boyraz
25 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелската полиција во текот на ноќта ги отсрани металните детектори на влезовите во џамијата Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот директор на комплексот на Ал Акса Шејх Наји Бекират во соопштение напомена дека израелските власти не ги отстраниле надзорните камери. Тој истакна дека само отсранувањето на металните детектори не е доволно и дека не ги исполнува барањата на Палестинците.
Во соопштението на израелскиот безбедносен совет е наведено дека детекторите од метал ќе бидат заменети со напредна технологија, односно со други мерки на претпазливост.
Се додека не биде реализиран планот во врска со користење на напредна технологија во близина на Ал Акса ќе бидат рапспоредени значително поголем број припадници на полицијата.
Паралелно со тоа, израелската полиција во текот на ноќта со солзавец интервенирале растерувајќи група Палестинци во Ерусалим, а во интервенцијата на полицијата се повредени повеќе лица.
Израелските безбедносни сили минатата седмица, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во Стари Град во источен Ерусалим, но силните тензии во тој регион и понатаму се продолжени. Во текот на интервенијата на израелската полиција во последните денови загинаа пет а повредени се стотици Палестинци, некои од нив се во критична состојба.
На локалното Палестинско население од петокот до понеделникот минатата недела не му беше дозволен влез во комплексот Ал Акса. Истовремено изминатата недела израелските сили на влезовите во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Палестинците протестираа поради поставените детектрои и одбиваат да влезат во комплексот. Муслиманските верници својата верска обврска ја извршуваат надвор, пред комплексот Ал Акса.
Кризата ескалираше минатиот петок, кога израелсктие полициски сили убија 3 Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа предивика општ метеж во кој беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пад кон болницата. Израелската полиција по овој настан нареди затворање на комплексот Ал Акса.