Ekipa
26 Ноември 2016•Ажурирај: 26 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 40 куќи се запалени во еврејска населба на Западниот Брег, а над 1.000 жители се евакуирани, додека пожарникарите петтиот ден и понатаму се борат со огнените стихии ширум Израел, јавува Anadolu Agency (AA)
Портпаролката на полицијата Луба Самри, изјави дека денес пожарите во Халамиши избиле на неколку локации и брзо се прошириле низ целата населба.
Пожарите започнаа пред четири дена во Ерусалим, а поради сувото и ветровито време се проширија и на другите места. Катастрофалните пожари го погодија третиот по големина израелски град Хаифа.
Иако нема загинати или тешко повредени, десетици лица се хоспитализирани поради вдишување на чад. Стотици домови се уништени, а меѓународната флота на канадери дојде да му помогне на Израел за борба со пожарите.