Andaç Hongur
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во првите шест месеци од оваа година Истанбул го посетија повеќе од 4,3 милиони туристи од сите делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Канцеларијара за култура и туризам на Истанбул, во јуни оваа година во однос на истиот период минатата година забележано е зголемување на странските гости за 17 отсто. Во првите шест месеци Истанбул го посетија 4.385.153 туристи. Меѓу туристите кои се најбројни кога е во прашање посетата на Истанбул се Германците.
По нив следуваат државјаните на Иран, Русија, Саудиска Арабија, Ирак, Велика Британија, Украина, Франција, САД, Холандија, Кувајт, Азербејџан, Кина и Алжир.
Во првите шест месеци од оваа година, во однос на претходните три години, кога станува збор за посетата на туристите од арапските земји, забележано е зголемување од 22 отсто.
Директорот на канцеларијата Џошкун Јилмаз истакна дека оваа година се опоравиле кога станува за збор посетите, по падот минатата година до кој доведоа различните околности.
Тој потсети дека во април и во јуни во однос на истиот период минатата година е забележано зголемување од 17 отсто. Јилмаз изјави дека туристите најмногу го посетуваат подрачјето Султанахмет, улицата Истиклал, Таксим, Ускудар, Кадикој, но и други места во Истанбул.