Arif Yakıcı
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во антитерористичка акција проведена во Истанбул, приведени се 32 лица кои на страната на ДЕАШ се бореле на сириското боиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против тероризмот во Истанбул акцијата ја извршија истовремено на неколку адреси во подрачјата Бајрампаша, Зејтинбурну, Zeytinburnu, Башакшехир, Есенјурт, Тузла и Умраније.
Акциите беа спроведени со поддршка на специјалните единици од воздух и полицијата.
Постои сомнение дека приведените странци, чие испитување е во тек, подготвувале напад во Турција.