Filiz Kınık,Mustafa Hatipoğlu
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, на информативен разговор се повикани голем дел од службениците во Палатата на правдата Анадолија во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата што ја спроведува Главното јавно обвинителство во Истанбул, на информативен разговор се повикани поголем дел од службениците и поведена е постапка за фаќање на осомничените.
Покрај тоа, полицијата спроведува истрага во канцелариите на судскиот персонал, како што се канцеларијата на судскиот записничар и службениците за испорака. Се проверуваат и компјутерите на осомничените.