Duygu Yener
19 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ОРДУ (AA) - Заменик на премиерот на Турција Нуман Куртулмуш по терористичкиот напад, кој утрово се случи во Истанбул, упати повик до целиот свет и сите пријатели на неговата земја, отворено да бадат со Турција во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш во текот на престојот во северниот турски град Орду упати сочуство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад и рече дека тие (терористите) "се обидуваат да го спроведат својот предавнички план".
Рече дека турскиот народ, што и да направат тие, никогаш нема да се предаде на нивните замки.
"Овој народ нема да му даде премија на никого кој сака да се бави со тероризмот, туку ќе направи братството да биде вечно и до Судниот ден на овие простори ќе живеат во мир. Го повикуваме целиот свет, сите земји од светот, сите наши пријатели, сите кои ги сметаме за пријатели, отворено да бидат со Турција кога е во прашање борбата против тероризмот", рече Куртулмуш и додаде:
"Борбата против тероризмот е национална одговорност и таа бара национална солидарност, единство и заедништво. И борејќи се против тероризмот ги повикуваме сите да бидат како еден, не само против оние кои се извршители на терористичките напади, туку и против оние "мрачни сили" кои ги наведуваат на тоа.
Гувернерот на Истанбул Васип Шахин изјави дека во квартот Бејоглу во Истанбул, пред кабинетот на градоначалникот, се случи терористички напад во кој загинаа пет лица, меѓу кои е и напаѓачот, а ранети се најмалку 20 лица.