Levent Tok
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Седум години по почетокот на граѓанската војна во Сирија, околу 37 отсто од територијата на земјата се наоѓа под контрола на терористите на ДЕАШ и ПКК/ПЈД. ПКК/ПЈД во последните 5 месеци, благодарение на помошта од САД, за 2 отсто го прошири подрачјето што го држи под контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Според картата што ја исцрта АА, 37 отсто од 185.000 квадратни километри, колку што е вкупната површина на Сирија, се наоѓаат под окупација на терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД.

ДЕАШ под своја контрола држи 27.000 квадратни километри, односно 14 отсто од вкупната површина на Сирија.
ДЕАШ по операцијата „Штитот на Еуфрат“ беше потисната од границата со Турција, но продолжува да ги контролира подрачјата во источниот дел на земјата, на просторот од границата со Ирак до пустината околу Хомс и источно од Дера и Хама. Во операцијата „Штитот на Еуфрат“, од ДЕАШ и од ПКК/ПЈД, беше ослободена површина од 2.600 квадратни километри.
- Се проширува окупацијата на ПКК-ПЈД -
Подрачјето што е под контрола на ПКК-ПЈД изнесува 41.000 квадратни километри, што е 23 отсто од вкупната територија на Сирија.
Во последните 5 месеци, оваа терористичка организација со помош на САД успеа да заземе површина од 2.500 квадратни километри.
Сѐ уште, 65 отсто од сириско-турската граница е под контрола на оваа организација.
ПКК/ПЈД, под контрола го држи северниот дел на земјата, долж границата со Турција, потоа подрачјето источно од Хасеке и северно од областа Рака, подрачјето на Мунбич, кое се наоѓа источно од Алепо, и градот Африн во северозападниот дел на земјата.
- Режимот под своја контрола има 46 отсто од земјата -
Според пресметките, со окупацијата на територијата од 85.000 квадратни километри во Алепо, Рака и Деир ез Зор, режимот на Асад во Сирија под своја контрола држи 46 отсто од територијата на земјата.
Опозицијата и воените групи кои се борат против режимот даваат впечаток на фрагментирана структура и во моментов контролираат 17 отсто од територијата на Сирија.