Halil Demir
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во центарот на Истанбул утринава заплени тон марихуана и приведе седум осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачки сознанија, полицијата утринава пресретнала шлепер кој од Дијарбакир пренесувал суровина за производство на пластика.
Пресретнувањето на камионот е извршено во населбата Пендик, а специјалните кучиња трагачи меѓу 12-те тони суровина за пластика пронајдоа и тон скриена марихуана.
Првичните резултати на истрагата укажуваат на тоа дека марихуаната била наменета за црниот пазар во Истанбул.
Полицијата приведе седум осомничени лица, меѓу кои и возачот на камионот, а сите се предадени на надлежните органи за понатамошно процесуирање.