Ekipa
14 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
ANKARA (AA) - Главниот обвинител во градот Тедмур (Палмира), во сириската провинција Хомс, во периодот од 2013 до 2015 година, Мухамед Касим Насир, во интервју за Anadolu Agency (AA) истакна дека бил сведок на интензивна трговска соработка на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад со терористичката организација ДАЕШ, дека режимот ги вооружува ДАЕШ и дека со посредство на шпиони постои можност од ангажирање терористи за нивно делување во странски земји.
Насир од Тедмур во Хомс преминал во мај, минатата година, кога ДАЕШ го зазел тој град, а кон крајот на минатата година избегал во Турција. Во разговор со новинарот на АА истакна дека поради функцијата која ја имал во Тедмур, бил во контакт со сите тамошни официлајни лица и офцери, и дека и самиот тој бил сведок дека режимот свесно го препуштил тој град во рацете на терористите.
„Бев главен обвинител во Тедмур од 2013 година до минатата година и нападите на ДАЕШ. Во тој период цветаше трговијата помеѓу сирискиот режим и ДАЕШ, а се тргуваше со нафта, плин, пченица, јачмен, стока, прехрамбени артикли, облека и лекови”, потврди Насир.
Насир тврди дека за време на престојувањето во Тедмур од шефот на тамошната Канцеларија на сириската разузнавачка служба, Мазин Абдуллатиф, дознал дека сирискиот режим има бројни шпиони инфилтрирани во териристичката организација ДАЕШ и дека преку нив може да влијае врз одлуките внатре во организацијата.
„Абдуллатиф ми кажа дека тие шпиони планираат терористички напади во Турција. Тој разговор го водевме во почетокот на минатата година во кој ми кажа дека Турција ќе плати поради интервенциите во Сирија и дека ќе гори во пламенот на тероризмот. Ми рече дека ќе плати Франција и нејзиниот претседател Франсоа Оланд и сите негови сојузници кои сакаат пад на Асадовиот режим, и дека агентите во Рака подготвуваат нешто и дека наскоро ќе дојдат добри вести. Навистина, потоа се случија терористичките напади во Турција и во Франција. Потоа, истиот Абдуллатиф ми кажа дека Оланд ќе дојде и ќе му ги бакнува нозете на Асад за да влезе во војна против ДАЕШ”, рече Насир.
- Асад можеше да го позрази ДАЕШ за неколку недели
Нагласувајќи дека сирискиот режим има информации за сè што се случува во базата на ДАЕШ во Рака и дека можел да ја порази за неколку седмици, Насир истакнува дека е јасно дека јакнењето на ДАЕШ му одело во корист на режимот и обезвреднувањето на револуцијата, со помош на терористичката организација која ѝ се заканува на безбедноста во целиот свет.
„Додека работев во судот во Тедмур, издадов бројни потерници и налози за апсење на бројни лица поради кражба или измама. Чув дека многумина од нив по приведувањето се пуштани на слобода за да одат во редовите на ДАЕШ во Рака. Подоцна дознав дека разузнавачката служба тие луѓе ги испраќала како шпиони во ДАЕШ”, тврди Насир.
Понатаму наведува дека двајца блиски пријатели и функционери на сириската власт му кажале дека режимскиот офицер Мухамед ал-Џабир постигнал договор за продажба на оружје на ДАЕШ.
„Тоа беа директни договори за продажба на оружје, а испораките се вршени ноќно време. Посредниците го договарале количеството на оружје, а му е плаќано на офицерот ал-Џабар. Офицерот го подготвувал бараното оружје во базата на сириската војска, која невечер ја напаѓал ДАЕШ, а тој наредувал повлекување на војската. Кога ДАЕШ ќе го префрлел сето оружје на своја територија, сириската војска ја повраќала контролата над таа касарна "Orlovi Badiye", сите знаат за тоа , рече Насир.”
- И Русија соработува со ДАЕШ
Поранешниот обвинител од сирискиот град Тедмур, Насир во интервју за АА потврди дека бил сведок дека Русија соработува со ДАЕШ и дека Москва има важна улога во односите меѓу сирискиот режим и терористите.
„Додека бев во Tедмур, видов дека Русија знае сè што се случува таму, бидејќи десетина Руси стално доаѓале. Тоа го знаев и поради функцијата која ја имав. Заедно со иранските и руски експерти ѝ помагаа на сириската армија во одржувањето на воениот аеродром. Овие експерти одеа и работеа на реновирање и на нафтените и гасните извори на територијата на ДАЕШ. Тоа покажува дека Русија помагала нафтата на ДАЕШ да се достави до сирискиот режим”, рече Насир.
Осврнувајќи се на начинот на кој сирискиот режим го предаде Тедмур во рацете на терористите на ДАЕШ, Насир вели дека шефот на военото разузнавање во Teдмур, Хабиб Малик, две недели пред нападот на ДАЕШ рекол дека го повикал Асад и му наредил да подготви план како градот да се предаде на ДАЕШ. Целта беше терористите да извршат ужасни злосторства врз цивилите и историското наследство а режимот да се претстави пред светот како неопходен партнер во борбата против ДАЕШ.
„Сакам да истакнам дека руските воздушни напади во Teдмур не се насочени кон ДАЕШ, туку врз цивилите. Руските авиони врз Тедмур фрлија илјадници бомби и гранати, но ниту еден милитант од ДАЕШ не беше убиен во тие напади. Убиени беа илјадници цивили”, рече Насир.
Коментирајќи ја тортурата врз цивилите во затворите на сирискиот режим, Насир вели дека за време на неговиот престој и работа како обвинител во Тедмур, бил сведок на ужасната тортура и насилство врз затворениците. Тој истакна дека многумина биле убиени со ужасната злоупотреба во затворите и закопани во масовни гробници.