Enes Kaplan
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Преговорите помеѓу делегациите на Турција и Израел за нормализација на дипломатските односи завршија вчера со постигнување на договор во Рим, а договорот не содржи никаква одредница поврзана со палестинското движење Хамас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од висок турски функционер, договорот за нормализација на турско-израелските билатерални односи беше склучен во Рим, вчера, недела 26-ти јуни.
Првото барање на Турција беше исполнето во март 2013 година, кога Израел изјави дека за првпат во историјата „се извинува на една странска држава", и според постигнатиот договор, Израел прифати да ги исполни и другите два услови кои ги побара Турција.
Во тој поглед, Израел прифати да им исплати обештетување на семејствата на загинатите во нападот на израелската војска врз турскиот бродот „Мави Мармара" и се согласи Турција да може да интервенира со хуманитарна мисија во Појасот Газа.
Во рамките на постигнатиот договор на помирување меѓу двете земји, Турција во појасот на Газа ќе може да внесе хуманитарна помош, вклучувајќи и обезбедување материјали за цивилни цели, и соодветно на тоа, изградба на куќи за населението од Појасот Газа. Во најкус можен рок се очекува изградба на болница на Турско-палестинското пријателство со капацитет од 200 легла.
Најбитни елементи за луѓето во Газа е брзо решавање на проблемот со електрична енергија и вода за пиење, и во таа насока, со изградба на централи за зголемување на количеството на електрична енергија и вода, би се решил овој проблем. На тој начин ќе се олесни спроведувањето на проектот за формирање на индустриска зона Џенин на Западниот Брег, кој се придодаде на Појасот Газа.
Спротивно на тврдењата, во постигнатиот договор меѓу двете земји нема одредба поврзана со палестинското движење Хамас.
Турција ќе продолжи да ја поддржува палестинската држава, рече висок турски функционер и истакна дека постигнатиот договор со Израел е голем дипломатски успех кој е резултат на прикажаната принципиелност и решителен став на Турција од 31-ви мај 2010 година до денес.
„Прифатени се сите барања на Турција и направен е историски чекор во подобрувањето на условите за живот на палестинскиот народ".
Високиот турски функционер истакна дека постигнатиот Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји ќе овозможи да им се пружи хуманитарна помош на загрозените во Појасот Газа, што всушност беше желбата на загинатите од бродот Мави Мармара. Тој додаде дека во периодот на нормализирање на билатералните односи меѓу Турција и Израел, свој придонес на Турција ѝ дале палестинската влада и Хамас.
Дипломатските односи меѓу Турција и Израел беа прекинати по израелскиот напад на хуманитарниот брод Мави Мармара во близина на појасот Газа. Групата хуманитарни бродови на 31-ви мај 2010 година се обидоа да стигнат до појасот Газа, но припадниците на израелската армија ги нападнаа во меѓународни води и им го попречија патот. Девет лица загинаа, а дваесет беа повредени.