Ekipa
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, упати писмо со честитки до турскиот претседатело Реџеп Таип Ердоган, по повод победата на претседателските избори во Турција, кои се одржаа вчера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата на Р. Македонија соопшти дека премиерот Заев во писмото до турскиот претседател Ердоган ги реафирмира традиционално добрите односи со Република Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.
„Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи“, се наведува во писмото од премиерот Заев.
Во духот на долгогодишното пријателството, меѓусебната поддршка и соработката со Република Турција, се наведува од Владата, премиерот Заев истакнал и дека ја очекува турската поддршка за аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во НАТО алијансата.