АНКАРА (АА) - Според информации од безбедносни извори терористичката организација ФЕТО извршила промена на одговорните лица во странство и направила промени во раководниот врв, јавува Anadolu Agency (AA).
Во високотто раководство, каде што Мустафа Озчан познат како „Имамот на Турција“ беше претседател се додадени уште неколку имиња како што се: Наџи Тосун, Решит Хајламаз, Мустафа Јешил, Садик Кесмеџи и Ирфан Јилмаз.

Се дозна дека одговорениот на ФЕТО за САД е Исмаил Бујукчелби, додека за Европа, Абдулах Ајмаз.
Инаку терористичката органиација ФЕТО, којашто делува во Европа, Азија, азиско- пацифичките земји, Австралија, Африка, Јужна и Северна Америка претставува глобална опасност.
- Високото раководство се намали на 11 лица -
Високото раководство на ФЕТО во председавањето на Мустафа Озџан, којшто беше втор човек по Фетула Ѓулен, се состоеше од 14 лица, а сегашното ново раководство брои 11 лица.
Имињата во високото раководство на организацијата, кое за јавноста е познато како „Советот на големите“ се: Мустафа Озџан, Исмет Аксој, Наџи Тосун, Шериф Али Текалан, Ирфан Јилмаз, Решит Хајламаз, Абдулах Ајмаз, Мехмет Ердоган Тузун, Мехмет Али Шенгул, Мустафа Јешил и Садик Кесмеџи.
- ФЕТО е активен во 30 земји во Европа -

Одговорен на ФЕТО за Европа воедно и член на високото раководство е Абдулах Ајмаз, додека Сулејман Тифтик е одговорен за регионот на Западна Европа. Наџи Гувен е негов заменик.
Абдулах Ајмаз се наоѓа на црвената листа и се бара за тероризам, истиот се наоѓа меѓу високите членови на ФЕТО којшто се активни во Германија. Не се знае во која земја живее Ајмаз.
Во меѓувреме раководните членови на терористичката организација ФЕТО во балканските земји се: Бајрам Пинарбаши, одговорен за Македонија, Талип Акташ, одговорен за Косово, Мехмет Мутлу Караосман, одговорен за Босна и Херцеговина, за Хрватска одговрене е Исмаил Коркмаз и Мурат Коч за Србија.
Терористичката организација ФЕТО делува во 30 земји во Европа. Според тоа одговорен за Германија е Хајретин Озкул, за Велика Британија Аднан Азак, за Франција Хусејин Каракуш и за Белгија, Давуд Јилчин.
- Одговорните лица на ФЕТО за Азија -

Покрај Европа, ФЕТО делува и во 20 азиски држави. Така, одговорен за Израел е Харун Токак, за Саудиска Арабија Мевлут Бозташ, за Јапонија Мустафа Арслан, за Кина Левент Огуз и за Пакистан, Унал Тошур.
Харун Токак, познат како „Имамот на Израел“, се бара за тероризам. Во обвинението од Републичкото главно обвинителство Ушак е наведен како второосомничен за финансирање на ФЕТО и ПДЈ.
- Одговорните лица на ФЕТО за Јужна и Северна Америка -

Во рамките на структурирањето на ФЕТО во Јужна Америка Јунус Јаман е одговорен за Колумбија, Ејуп Махмут Гунел за Венецуела, Хамдулах Бајрам Озтрук за Бразил, Сади Шен за Чиле и за Аргентина, Мустафа Екер.
Одговорниот на ФЕТО за САД е Исмаил Бујукчелеби, додека одговорното лице на ФЕТО за Канада е Исмаил Назли. Одговорното лице на ФЕТО за Мексико е Осман Караџа, а за Домениканската Република Мехмет Уналан.
Исмаил Бујукчелеби, којшто се наоѓа на црвената листа за тероризам, во 1997 година бил одговорен за Кина и реализирал активности за организацијата. Тој исто така како одговорно лице за странство, е оној што ги проектирал статегиите на ФЕТО внатре во Високото раководство на разузнувачката единица. Утврдено е дека во 2010 година бил именуван за одговорен во САД.
- Одговорните на ФЕТО во Африка -

ФЕТО има околу 20 одговорни лица во африканските земји. Орхан Кескин - одговорно лице за Египет, Нуретин Каја за Либија, Али Коктен за Тунис и Хамит Олгун за Алжир.
- Одговорни лица на ФЕТО за азиско-пацифичките земји -

Покрај азиско-пацифистичките земји како: Малезија, Сингапур, Тајван, Хонг Конг, Виетнам, Филипини, Индонезија, Лаос, Нова Папуа Гвинеја, ФЕТО делува и во Австралија.